Aldıjana Hadzıc
07 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
ЏАКАРТА (AA) - „Во земјотресот со јачина од седум степени по Рихтер кој во недела го погоди островот Ломбок, на истокот на Индонезија, загинаа најмалку 98 лица“, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повредени се најмалку 236 лица, а повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани на посигурни подрачја.
Нугрохо изјави дека сите повредени и загинати на островите Ломбок и Бали, кои се популарни туристички дестинации, се државјани на Индонезија.
Земјотресот на островот Ломбок го прекина одморот на многу туристи, кои чекаа на аеродромот за да се вратат во матичните земји.