Aldıjana Hadzıc
12 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
СОЛО (AA) - Во градот Соло (Суракарта), Индонезија, веќе траат подготовките пред доаѓањето на лунарната Нова година (Кинеска нова година), јавува Anadolu Agency (AA).
Овој празник во Индонезија е познат и под називот Имлек, а пред новата година се организираа голем број паради за време на кои присутните можеа да видат необични костими и шминка. Учесниците на парадата одлучија да се забавуваат со музика и танцување, а љубопитните набљудувачи се одлучија со фотографии да го овековечат моментот.
Кинеската нова година во 2018 година започнува на 16 февруари и е година на песовите.
Одбележувањето на новата година трае две недели и обично е проследено со употреба на голема количина пиротехнички средства, голем број паради и необични костими.