Mahmut Atanur
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ЏАКАРТА
Во источниот дел на Индонезија, провинцијата Папуа ја потресе земјотрес со интензитет од 5,9 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 72 километри северозападно од местото Џајапура на длабочина од 11 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, а не е дадено ниту предупредување за можно цунами.