Zehra Ulucak
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 26 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја дијагностицирани се 67 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската Национална комисија за здравство соопшти дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на вирусот. Смртни случаи не се евидентирани.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа од вкупниот број на новозаразени, 22 се евидентирани во главниот град Пекинг. Со тоа, во Пекинг од 11 јуни регистрирани се вкупно 227 случаи на Ковид-19.
Во Кина вкупниот број на потврдени случаи е зголемен на 83.378, додека бројот на смртни случаи на 4.634. Во земјата од вирусот досега се излекуваа 78.413 лица.
За да се спречи ширењето на епидемијата во главниот град, наставата привремено е прекината, а исто така прекинати се и колективните спортски и културни активности.
- Во Јужна Кореја вкупниот број на заразени со Ковид-19 достигна 12.421 -
Од Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 48 нови случаи на Ковид-19, поголемиот број во главниот град Сеул и околината.
Од Центарот е истакнато дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 12.421, а дека од коронавирусот досега починале 280 лица.
Во земјата вирусот Ковид-19 го победија 10.868 лица, додека во моментот има 1.273 активни случаи.
Во последниот период најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај лица кои работеле во магацин на една компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.