Mahmoud Barakat
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
САЛАДИН (АА) - Седум ирачки бегалци загинаа во пожар во северниот дел на провинцијата Киркук, потврди градоначалникот Мохамед Махмуд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во пожарот што го зафати бегалскиот камп во североисточниот дел на Киркук, загинаа татко и шест деца", потврди за АА градоначалникот Мохамед Махмуд.
Се уште не е позната причината поради која е предизвикан пожарот.
Градот Баиџи, одалечен на околу 200 километри северно од Багдад, беше уништен по конфликтот меѓу членовите на терористичката организација ДЕАШ и ирачките сили кои го зазедоа градот минатата година.
Протерани од нивните домови, жителите на градот се расфрлани низ бегалските кампови во Киркук и други ирачки провинции.
Махмуд ја повика ирачката влада да поработи на враќање на жителите во нивните домови.
Ирак се наоѓа во разорувачки безбедносен вакум од средината на 2014 година, кога ДЕАШ го завзеде Мосул, како и огромна територија во северните и западните делови на земјата.
Според податоците на ОН, во моментов во Ирак има повеќе од 3,4 милиони раселени лица, од кои половина се деца, а на повеќе од 10 милиони очајна им е потребна хуманитарна помош.