Ekipa
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
АНБАР (АА) - Деветмина борци на шиитската милиција загинаа во денешниот напад на ДЕАШ во близина на ирачката граница со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористите на ДЕАШ нападнаа позиција на Хашд ал Шаби, северно од граничниот премин Ал-Валејд со Сирија“, изјави полицискиот службеник кој остана анонимен поради ограничувањата за комуникација со медиумите.
„Деветмина борци загинаа, а 23 се повредени во нападот“, изјави тој.
Исто така, според воениот офицер, во последователните судири со шиитските борци загинаа единаесет милитанти на ДЕАШ, а има и ранети.
Групата под заштита на провладините шиитски милитанти, Хашд-ал Шаби, беше формирана во 2014 година, во борба против ДЕАШ.
Повремено милицијата е напаѓана од страна на ДЕАШ близу границата помеѓу Ирак и Сирија.
Минатиот месец ирачките сили го протераа ДЕАШ од Мосул, последното упориште на терористичката група во северен Ирак.