Ekip
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
БАГДАД
Безбедносните сили на Ирак уапсија шест милитанти на терористичката група ДЕАШ додека се обидувале да ја преминат границата од Сирија во Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека милитантите паднале во заседа во округот Рабија, северно од областа Нинева во северен Ирак.
Министерството рече дека еден од уапсените милитанти избегал од затворот во Нинева, без да даде дополнителни детали.
Ирак дели 1.000 километри граница со Сирија, каде што терористичките групи ДЕАШ и ПКК имаат активно присуство.
Во јуни 2014 година, ДЕАШ целосно ги освои ирачките покраини Мосул, Салахадин и Анбар, како и одредени делови од покраините Дијала и Киркук, кои беа повторно освоени кон крајот на 2017 година од силите на Ирак со поддршка на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД).