Mustafa Melih Ahıshalı
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Бехран Касами, истакна дека не е можно да има преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Касами на прес-конференција која се одржа во иранскиот главен град, Техеран, нагласи дека не е можно да започнат преговори меѓу двете земји сè додека продолжува непријателскиот став на САД кон Иран.
„САД секој ден покажуваат дека не се доверливи. Апсолутно не станува збор за одржување преговори со САД кои имаат ваква политика“, додаде тој.
Касами изрази задоволство од тоа што изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, против Иран, предизвикаа противниците на иранскиот режим надвор од земјата да го бранат Иран.
Новинарите укажаа на посетата на шефот на иранската дипломатија, Џевад Зариф, на Оман што се случи изминатите денови, и потсетија дека по оваа посета, министерот за надворешни работи на Оман, Јусуф бин Алеви, ги посети САД, при што новинарите поставија прашање дали ова е иницијатива за посредство.
„Немам информации околу содржината на средбите на Бин Алеви“, одговори Касами.
Оман е познат како посредник меѓу САД и Иран.