Mahmoud Barakat
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Советникот на иранскиот претседател Хамид Ебутураби денес истакна дека враќањето на Соединетите Американски Држави (САД) на Договорот за нуклеарна програма од 2015 година е предуслов за преговори помеѓу Вашингтон и Техеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Почитување на големата иранска нација, намалување на непријателството, враќањето на САД кон Договорот за нуклеарна програма...Тоа ќе го отвори каменестиот пат во моментов“, напиша Ебутураби на Твитер.
Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека е подготвен за преговори со неговиот ирански колега Хасан Рохани без предуслови.
Во месец мај, Трамп ги повлече САД од Договорот за нуклеарна програма, кој беше потпишан во 2015 година помеѓу Иран и групата земји П5+1 (петте постојани земји членки на Советот на безбедност на ОН и Германија).
Договороот за нуклеарна програма се состои од ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за милијарди долари за олеснување на санкциите.
За време на својата изборна кампања во 2016 година, Трамп го критикуваше Договорот, опишувајќи го како „најлош договор“ што некогаш го видел. Меѓутоа, другите членови на П5+1 велат дека Договорот во сегашната форма претставува најдобар начин за раководење со нуклеарната програма на Иран.