Ahmet Dursun
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Парламентот на Иран ги постави Војската на САД и сите институции и компании што соработуваат со неа на листата на терористички организации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пратениците на иранскиот Парламент ја усвоија одлуката едногласно и по итна постапка.
Паралелно со тоа, иранскиот Парламент го одобри издвојувањето на додатни 200 милиони евра за одредот „Кудс“, односно елитната единица на Револуционерната гарда на Ирак, чиј командант, Касим Сулејмани, е убиен во нападот што американските сили со дрон го извршија во близина на аеродромот во Багдад.
Иранската новинска агенција ИСНА јавува дека челникот на иранскиот Парламент, Али Лариџани, изјавил дека за единицата „Кудс“ ќе бидат издвоени додатни средства од Националниот развоен фонд.
Тој, исто така, изјавил дека одлуката е донесена по налог на иранскиот верски водич, ајатолахот Али Хамнеи, а за да се поддржи единицата што ја предводи иранскиот отпор во регионот.