Haydar Hadi
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
БАГДАД (АА) - Ирачките воени авиони бомбардираа позиции на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата за осноси со јавноста на ирачкиот премиер соопштено е дека воените авиони од ирачката граница гаѓале позиции на ДЕАШ во Сирија.
Во соопштението се вели дека позиции на ДЕАШ се нападнати поради опасноста што оваа терористичка организација ја претставува за Ирак.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, во последно време во своите изјави зборуваше дека борбата против тероризмот е проширена и надвор од границите на оваа земја.