Ekipa
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ДОХА (АА) - Со наредбата на катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, властите на Катар ќе донираат 480 милиони долари помош за палестинскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека емирот Ал Тани наредил издвојување на 480 милиони долари за помош на Палестинците на подрачјето на окупираниот Западен Брег и во блокираната Газа.
Во соопштението се наведува дека и таа помош е показател на братските арапски и верски врски меѓу народите на двете земји.
Катар за потребите на образовниот и здравствениот систем во Палестина ќе обезбеди 300 милиони долари, а преостанатите средства ќе бидат наменети за хуманитарна помош.
Со дел од средствата Катар ќе ги поддржи и програмите на ОН и проектот за електрификација во палестинските региони.
Катар го повика и останатиот дел од меѓународната заедница на одговорно дејствување и пружање поддршка во надминување на проблемите со кои е соочен палестинскиот народ.
Лидерот на палестинското движење Хамас, Исмаил Хание, се заблагодари на властите на Катар за најавената помош.
„Го поздравуваме и му се заблагодаруваме на катарскиот емир Ал Тани за помошта и искажаната солидарност и великодушност“, порача првиот човек на Хамас.