Betül Yürük
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за алармантни ги смета нападите на зоната без судири во Идлиб, кои доведоа до смрт и ранување на многу цивили и раселување на повеќе од 150.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кабинетот на генералниот секретар на ОН се наведува дека Гутереш со загриженост ги следи интензивираните судири во зоната за деескалација на судирите во Идлиб во кои се вклучени режимските сили и поддржувачите, опозициските групи и Хајат Тахир ал Шам.
Тој потсетува дека во воздушните напади на 5 мај се погодени три болници, а од 30 април девет училишта. Се наведува и дека многу училишта се затворени.
Гутереш ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право, да ги заштитат цивилите и да ја смират напнатоста, земајќи го предвид Рамазан, а земјите гаранти на процесот од Астана, Турција, Русија и Иран, да обезбедат имплементација на Договорот за примирјето.
Режимските сили, и покрај Договорот од Сочи, кој со цел воспоставување примирје, на 17 септември 2018 година го постигнаа претставниците на Турција и Русија, продолжуваат да извршуваат напади врз зоната без судири во Идлиб.
Режимските сили, благодарение на поддршката на Русија и Иран, имаат контрола врз околу 60 отсто од територијата на земјата.
Воената опозиција и антирежимските групи го контролираат подрачјето од 10 отсто од вкупната територија.
Исто така, терористичката организација ЈПГ/ПКК контролира 28 отсто од територијата, додека терористите на ДЕАШ контролираат 2 отсто.