Zehra Ulucak
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
СЕУЛ (АА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, во новогодишната порака порача дека Пјонгјанг никогаш нема да се откаже од развојот на нуклеарната и балистичката програма, и ги предупреди противниците на таа политика дека копчето за лансирање на нуклеарката е секогаш подготвено на бирото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ким преку севернокорејската државна телевизија ѝ се обрати на нацијата по повод Нова Година, а јужнокорејската новинска агенција Јонхап јавува дека во таа пригода тој ја повтори заканата кон Соединетите Американски Држави (САД) и додава дека американското копно е во дометот на севернокорејските нуклеарни проектили.
„САД никогаш нема да имаат шанса да започнат војна против Северна Кореја и против мене лично. Мора да знаат дека на бирото секогаш имам копче за лансирање на нуклерка“, порача Ким.
Истакнувајќи дека нуклеарките има намера да ги искористи само во случај на закана за безбедноста, Ким изјави дека САД треба да разберат дека Северна Кореја не е нуклеарна закана, туку реалност.
Во исто време, севернокорејскиот лидер Ким ја повика соседна Јужна Кореја да ги намали воените тензии и да ги нормализира односите.
Во јужнокорејскиот град Пјонгчанг, во февруари ќе се одржат Зимските олимписки игри, а лидерот на Северна Кореја порача дека е подготвен да разговара со Сеул, за да може ии олимпијците од Северна Кореја да настапат на ова натпреварување.
„Зимските олимписки игри во Јужна Кореја се добра можност за таа земја. Ние сакаме тоа да бидат успешни игри“, рече Ким.