Riyaz Ul Khaliq
07 Април 2021•Ажурирај: 09 Април 2021
ПЕКИНГ (АА) - Шестмина работници загинаа при експлозија во термоелектрана на источниот дел на Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случил во градот Чузоу во покраината Анхуи, додека работниците заварувале врв на резервоар, пренесе Кинеската глобална телевизиска мрежа „CGTN“.
Работници паднале од резервоарот поради силната експлозија. Едно лице починало веднаш на местото на настанот, а преостанатите пет со тешки повреди биле превезени во болницата, каде им подлегнале на повредите.