Riyaz Ul Khaliq
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
АНКАРА
Едно лице загина, додека седум се заробени по експлозија на гас во рудникот на југозападниот дел на Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата на спасување е во тек во рудникот за јаглен во округот Јинша во покраината Гуизоу“, пренесува Кинеската новинска агенција (CGTN).
Во северна Кина, три лица се водат за исчезнати по избивањето на оган на нафтеното поле во понеделникот.
„Најмалку 102 лица беа заробени на тоа место поради пожарот на нафтеното поле во заливот Бохаи“, соопшти Кинеската национална офшор нафтена корпорација (CNOOC).
„Меѓу нив, 99 лица се евакуирани, но три и понатаму се водат за исчезнати, изјави компанијата“, извести новинската агенција.
Кинеската национална офшор нафтена компанија соопшти дека пожарот е изгаснат утредента и дека досега не е откриено излевање на нафта или загадување на околината.
„Влијанието на инцидентот на годишното производство е приближно до 600.000 барели, што претставува 0,1 отсто од вкупниот број“, се наведува.