Nuri Aydın
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Кина од продавниците за мобилни апликации отстрани вкупно 105 апликации со образложение дека се илегални, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), Дирекцијата за кибервселена на Кина се нагласува дека во рамки на активностите за чистење на виртуелните средини од продавниците за мобилни апликации се отстранети 105 апликации меѓу кои и Трипадвајер, за кои вели дека го прекршувале законот на ИТ.
Се вели дека се вршат контроли на виртуелните средини.
„Дирекцијата за кибервселена на Кина ќе продолжи со зајакнување на контролите на мобилните апликации, отстранување и уништување на илегалните мобилни апликации и мобилните продавници за апликации, и со создавање јасна киберсредина“, се додава во соопштението.
Се тврди дека овие апликации се забранети со цел водење борба против содржини поврзани со порнографијата, проституцијата, коцкањето и насилството.
Меѓу забранетите апликации во Кина се и важни платформи како Гугл, ЈуТјуб, ВатсАп, Скајп, Фејсбук, Спотифај, Телеграм, ВанДрајв, Твитер, Џимејл, Гугл плеј стор, Снепчет, Нетликс, Блогер.