Emel Öz
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
АНКАРА
Кина поднесе жалба до Канцеларијата за вселенски прашања на Обединетите нации (UNOOSA) против Илон Маск, основачот на компанијата за вселенска технологија „Спејс икс“, со образложение дека сателитите лансирани како дел од проектот „Старлинк“ претставуваат опасност за вселенската станица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), во документот што го пратила до Канцеларијата за вселенски прашања на Обединетите нации (UNOOSA), Кина соопштила дека мора да спроведат „мерки за контрола на судирот“ за да спречат сателитите „Старлинк“ лансирани од „Спејс икс“ во јули и октомври да ја погодат вселенската станица.
По жалбата на Кина до Канцеларијата за вселенски прашања на Обединетите нации (UNOOSA), кинеските корисници на социјалното вмрежување Веибо силно ги критикуваа Маск, „Старлинк“ и САД.
Еден корисник ги опиша сателитите на „Старлинк“ како „куп вселенски отпад“.
„Спејс икс“ планира во Земјината орбита да воспостави мрежа од 12.000 сателити „Старлинк“. Проектот се планира да биде завршен во 2027 година.