Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ПЕКИНГ (АА) - Уапсена е воспитувачка која се товари дека отрула најмалку 23 деца во градинка во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 23 деца се хоспитализирани минатата недела во градот Јиаозуо во кинеската покраина Хенан. Децата се подложени на испирање на желудникот, откако се затруле со содиум нитрат за време на нивниот доручек.
Новинската агенција „Синхуа“ јавува дека осум деца се сѐ уште во болница.
Полицијата ја уапси воспитувачката и го објави само нејзиното презиме Ванг.
Уапсената се товари дека намерно ги отрула децата, а локалните медиуми јавуваат дека тоа го сторила за да се одмазди на колегите од другата смена.
Скандалите со труење на децата во образовните установи во Кина станаа честа појава, поради што вчера на сила стапи новата регулатива која му налага на персоналот на установите да вечера заедно со децата.
Еден од најголемите такви скандали се случи во 2002 година кога 42 деца починаа од труење со отров кој наставникот им го ставил во храната. Наставникот е осуден на смрт и е експресно погубен.