Zehra Ulucak
28 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ВЕЛИНГТОН (АА) - Траект со околу 50 патници исчезна во Тихиот Океан на 18 јануари, а спасувачките екипи вчера пронајдоа седум преживеани лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Траектот „MV Butiraoi“ исчезна во Пацификот откако на 18 јануари заплови од островот Ноноути кон Јужна Тарава, главниот град на Република Кирибати. Пловидбата требало да трае два дена, но исчезнувањето на траектот беше пријавено дури во петокот.
Во потрагата учествуваат поморските и воздушните сили на Нов Зеланд и Фиџи.
Командантот на воздушните сили на Нов Зеланд, Дерин Веб, соопшти дека спасувачките екипи пронашле пловечки дрвен чамец за спасување на кој имало седум преживеани патници од потонатиот траект.
Меѓу преживеаните се наоѓа и едно бебе.
Пловилото со преживеаните патници е пронајдено 180 километри од најблиското копно.
Новозеландските воздушни сили спуштија храна и вода на чамецот, а потоа најблискиот рибарски чамец пристигна и ги евакуираше преживеаните.
Веб изјави дека спасените патници не знаат ништо за судбината на останатите сопатници од потонатиот траект и дека тој случај е и понатаму предмет на истрага.