БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1.556 лица во Бразил, 230 во Мексико, 614 во Аргентина, 498 во Колумбија, 69 во Перу, 33 во Чиле, 50 во Парагвај, 42 во Гватемала и 32 во Хондурас.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.556 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 537.394.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 57.736, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 19.209.729.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.858.633 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 230 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 12.116 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 235.507 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.616.827. Досега во оваа земја оздравеа 2.061.595 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 16. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 614 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 100.250. Во истиот период детектирани се 19.697 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.702.657.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.326.403 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 498 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 114.337.
Во последното деноноќие детектирани се 17.230 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.565.372. Во оваа земја досега оздравеа 4.317.436 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 69 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.052 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.085.883, од кои животот го загубија 194.752 лица, а оздравеа над 2.050.138 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 19. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 33 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 34.049.
Во истиот период регистрирани се нови 1.227 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.592.130, а оздравеа вкупно 1.543.171 лице претходно заразени со коронавирусот.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 50 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.159 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 441.056, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.066.
Досега оздравеа 397.953 лица позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 42 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.798 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.904 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 325.024.
Досега во оваа земја оздравеа 284.613 лица кои биле заразени со коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 32 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1314 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 276.989, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 7.356 лица, а оздравеа 95.000 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
