Hüseyin Burak Demirer
25 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Синоќа во првото коло од втората елиминациска фаза во УЕФА Лигата на шампионите се одиграа седум натпревари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на втората елиминациска фаза во најзначајниот турнир на европскиот клубски фудбал се одиграа седум натпревари.
Клубот од македонската Прва фудбалска лига, „Шкендија“, вчера играше против клубот „Шериф“ од Молдавија. Во 24 минута на натпреварот, Бесарт Ибраими успеа да ја затресе мрежата на противникот, со што Шкендија го победи својот противник со резултат 1:0.
Првото коло од втората елиминациска фаза ќе заврши со петте натпревари што ќе се одиграат денеска.
Резултатите од одиграните седум натпревари:
Астана (Казахстан) - Митјиланд (Данска) 2 : 1
Клуж (Романија) - Малме (Шведска) 0 : 1
ПАОК (Грција) - Базел (Швајцарија) 2 : 1
Динамо Загреб (Хрватска) - Хапоел Беер-Шева (Израел) 5 : 0
Шкендија (Македонија) - Шериф (Молдавија) 1 : 0
Црвена ѕвезда (Србија) - Судува (Литванија) 3 : 0
Легија Варшава (Полска) - Спартак Трнава (Словачка) 0 : 2.