Handan Kazancı
25 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур, денес го опиша израелско-палестинскиот мировен договор предложен од САД како бескорисен, бидејќи го игнорира прашањето за Ерусалим и бегалците, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Не сме заинтересирани за она што ќе го предложат, бидејќи Ерусалим е надвор од понудата, бегалците не се вклучени во понудата“, изјави Ријад Мансур за новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.
Мансур додаде дека Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) е уништена поради намалување на финансирањето од САД, еврејските населби кои се „повеќе или помалку прифатливи“ и решението за двете земји кое избледува.
„Доколку имате такво однесување што е прикажано од САД, што остана од преговорите? Затоа не сакаме да се занимаваме со нешто што е бескорисно, бидејќи сето она што еднострано го најавија, се работи што нема да го отворат патот за мир и напредок“, додаде тој.
Признавањето на Трамп на Ерусалим како главен град на Израел во декември беше сфатено како успорување на долготрајните ангажмани кои го поддржуваат палестинскиот и израелскиот мировен процес. Палестинците бараат Источен Еураслим, кој Израел го окупираше во 1967 година, да биде главен град на независната палестинска земја.
Претходно оваа година, САД суспендираше повеќе од половина од своите средства за UNRWA. UNRWA се соочува со недостаток од средства, поради што би можело да биде запрено школувањето во септември, по одлуката на САД делумно да го запрат финансирањето на организацијата.