Zeynep Tüfekçi Gülay
15 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Претседателот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, истакна дека целата одговорност за земањето на цивилите како цел во Појасот Газа, кој е под блокада, е на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ханије преку писмено соопштение денес истакна дека нападот што израелската Војска го изврши синоќа во мигрантскиот камп „Шати“ во Газа е уште еден масакр на Израел врз Палестинците.
Тој порача дека Израел ќе биде поразен, и истакна: „Целата одговорност за земањето на цивилите како цел во Газа е на Израел. Силите на отпорот ќе продолжат да го штитат народот, ќе ја победат непријателската војска и ќе го спречат продолжувањето на масакрите.“
Инаку, во синоќешниот напад на Израел врз куќата на семејството Ебу Хатаб во мигрантскиот камп загинаа 10 Палестинци, од кои 8 деца и 2 жени.
Бригадите „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас, соопштија дека како одговор на овој израелски напад и за да се одмаздат за загинатите Палестинци во окупираниот Западен Брег, со ракети ги зеле како цел градовите Ашдод и Бершева.