Ekipa
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Спроведените истражувања покажуваат дека Лондон е рангиран како една од најлошите метрополи во Европа, според еколошкиот аспект на јавниот превоз, како и според економичностa и безбедностa, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето ополномоштено од „Гринпис“ (Greenpeacе), а спроведено од Институтот „Вупертал“ (Wuppertal), извршено е на 13 европски градови, набљудувајќи ги факторите како што се јавниот превоз, безбедноста на патиштата, квалитетот на воздухот, управувањето со мобилноста и активната мобилност.
„Севкупно, Лондон меѓу 13-те анализирани градови се рангира на 10. место за одржлива урбана мобилност“, се вели во Извештајот на истражувањето, во кој се додава:
„Лондон се рангира добро во практиките за управување со мобилноста, просечно во јавниот превоз, а под просекот во активната мобилност и е слаб во безбедноста на патиштата и квалитетот на воздухот.“
Во поглед на јавниот превоз, Лондон е на 7. место заедно со Мадрид. Сепак, цената на јавниот превоз во Лондон изнесува 89 отсто од цената на секојдневната храна, при што го прави најскап во однос на анализата.
Во Извештајот од истражувањето се вели дека врз основа на безбедноста на патиштата, Лондон се рангира на 12. место, додека на второ место за најбезбеден град за пешачење или возење велосипед, при што се додава дека во Лондон во 2016 година имало 8 велосипедски несреќи и 61 несреќа со пешаци.
Лондон се рангира на 8. место во однос на квалитетот на воздухот и се поврзува со Рим, Берлин и Будимпешта.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, размислува за воведување денови без автомобили, во обид да се справи со алармантните стапки на загадување и да ги спречи емисиите на јаглероден диоксид во градот.
Владата се соочува со зголемена критика поради недостатокот на ефикасност во справувањето со загадувањето на воздухот во градот. Претходно оваа недела, Европската комисија ја упати Велика Британија до Европскиот суд за правда поради тоа што не ги исполнува границите на ЕУ во однос на емисиите на азот диоксид.
Лидерите на градот и лекарите, неодамнешниот план за квалитетот на воздухот на Владата го нарекоа несоодветен и непростлив, тврдејќи дека треба да се направи уште повеќе во врска со употребата на горива како што се дизелот и бензинот.