Merve Berker
27 Јануари 2025•Ажурирај: 28 Јануари 2025
АНКАРА (АА) – Александар Лукашенко е повторно избран за претседател на Белорусија, освојувајќи седми петгодишен мандат, според прелиминарните резултати објавени од Централната изборна комисија, цитирани од државната новинска агенција Белта, јавува Анадолу.
Комисијата сооопшти дека Лукашенко освоил 86,82 отсто од гласовите на претседателските избори одржани во неделата.
Неговиот противкандидат, Сергеј Сирнков, освои 3,21 отсто од гласовите, додека Олег Гајдукевич освои 2,02 отсто. Ана Канопацкаја освои 1,86 отсто, а Александар Хижњак доби 1,74 отсто.
Според белорускиот закон, кандидатот мора да освои над 50 отсто од гласовите за да биде избран за претседател.
Централната изборна комисија очекува да ги објави конечните резултати до 5 февруари.
На изборите право на глас имале нешто повеќе од 6,9 милиони граѓани, а раното гласање се спровело во периодот од 21 до 25 јануари.
Според претседателот на Изборната комисија, Игор Карпенко, речиси 500 меѓународни набљудувачи биле акредитирани за следење на изборниот процес.
Александар Лукашенко ја извршува функцијата претседател од 1994 година, кога победи на првите претседателски избори во Белорусија.