AP
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АA) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неизвесноста околу надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп доведе до зближување на европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој на денешниот Самит на Европската Унија во Брисел рече дека потезите на Трамп ја засилуваат потребата за единство и јасност од ЕУ.
Францускиот претседател истакна дека единствениот став е важен за меѓународните разговори за Иран и за нуклеарните активности во Северна Кореја, како и за европските одбранбени програми.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ на Самитот потврдија дека го поддржуваат договорот за спречување на нуклеарните активности на Иран.
Трамп го осуди договорот со Иран и ги зголеми тензиите со Северна Кореја поради нуклеарните тестови.
Сепак, Макрон додава дека САД остануваат клучен партнер во борбата против ДЕАШ.