Esra Taşkın
22 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Власта на Франција донесе одлука за повлекување од Договорот за енергетска повелба, која ги штити инвестициите во секторот на нафтата и природниот гас, известува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи по самитот на лидерите на Европската Унија, претседателот на Франција, Емануел Макрон, рече дека во согласност со француските климатски цели, таа земја се повлекува од Договорот за енергетска повелба, додавајќи дека таквата одлука е кохерентна со Парискиот договор за клима од 2015 година.
Макрон рече дека Франција сака ЕУ во потполност да ги задоволи своите потреби за енергија со електрична енергија.
Макроновата најава следуваше по неодамнешната одлука на полскиот Парламент да излезе од договорот на 52 земји и изјавите на лидерите на Шпанија и Холандија дека и тие сакаат да го напуштат тој договор, додека Италија се повлече од договорот уште од 2016 година.
Зборувајќи за актуелната војна меѓу Русија и Украина, Макрон рече дека 2.000 украински војници ќе бидат обучени во Франција.
Потсетувајќи дека Франција минатата недела најави дека на Украина ќе ѝ испорача нова воена опрема, Макрон рече дека работат на испраќање на засилување во хаубици Цезар.
Напоменувајќи дека на самитот разговарале и за односите на ЕУ и Кина, Макрон рече дека на Европа ѝ е потребна стратешка независност.