Cüneyt Karadağ
14 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, изјави дека Германија е подготвена да ја преземе одговорноста за реконструкција, доколку дојде до слободни избори во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мас, пред состанокот со рускиот колега Сергеј Лавров, за германската новинска агенција ДПА изјави дека за време на состанокот јасно ќе ѝ ги пренесе на руската страна своите очекувања за спречување на нападите во сириски Идлиб.
Истакнувајќи дека ќе бара гаранција за враќање на бегалците од Сирија, Мас изјави дека Германија ќе биде подготвена да преземе одговорност за реконструкција, доколку дојде до слободни избори.
Укажувајќи на клучната позиција на Русија во Сирија, Мас порача дека нивна цел е да се спречи можна хуманитарна катастрофа.
„Стабилноста е во интерес на самата Сирија“, изјави Мас, констатирајќи дека со сирискиот претседател Башар ал Асад не може да се замисли трајно решение и дека Сиријците својата клучна одлука ќе ја донесат на изборите во рамките на процесот на ОН.