Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Џејмс Матис, министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), истакна дека Северна Кореја со која преговорите за прекинување на Програмата за нуклеарно оружје се во тек, претставува најнепосредна закана за САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, Матис во својот говор, одржан на Форумот за национална одбрана во Калифорнија, на прашањето која од земјите од Северна Кореја, Кина, Русија и Иран претставува најсериозна закана за неговата земја, одговорил „Во однос на итноста Северна Кореја е проблем.“
„Мораме да го решиме ова прашање. Прашањето е итно. Затоа Обединетите нации донесоа едногласни резолуции за Советот за безбедност. Колку пати можете да ги видете земјите како што се Кина, Франција, Англија, Русија, САД и други, повеќе пати да гласаат едногласно?“, изјави Матис за време на говорот.
Американскиот министер за одбрана додаде дека во однос на моќта најголемата закана за земјата е Русија, додека во однос на војлата, Кина.
Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 12 јуни се сретнаа во Сингапур. По средбата двајцата лидери постигнале договор за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.
Во последно време, помеѓу двете страни има застој на преговорите за укинување на нуклеарното оружје. Властите во Пјонгјанг ја откажаа средбата закажана за минатиот месец помеѓу американсккиот државен секретар Мајк Помпео и висок функционер на Северна Кореја.
Трамп изјави дека со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун може да се состане во јануари или во февруари.