Ekip
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
АЛ КУДС (АА) - Претставници на израелската Влада не успеаја да договорат итен телефонски разговор меѓу премиерот Јаир Лапид и американскиот претседател Џо Бајден, јавуваат израелските медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
На иницијатива на израелските власти да остварат телефонски повик, Белата куќа одговори дека Бајден е недостапен бидејќи е на одмор, пренесува „Канал 13“.
Сепак, се известува дека разговорите меѓу двајцата може да се одржат во блиска иднина.
„Канал 13“ објави и дека израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, кој отпатува за Вашингтон синоќа, исто така нема да може да се сретне со неговиот американски колега Лојд Остин, бидејќи тој е надвор од главниот американски град.
„Во време кога преговорите за нуклеарната програма со Иран влегуваат во завршна фаза, може да се каже дека Израел не е важен фактор во кошницата на американските размислувања“, се додава.
Во меѓувреме, израелски политички извор рече дека јазот меѓу Израел и САД е „многу голем“.