Muhammed Temim Hocaoğlu
26 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Министерката за животна средина и природни ресурси на Мексико, Хозефа Гонзалес-Бланко, поднесе оставка по острите критики на јавноста, бидејќи предизвикала доцнење на авион повеќе од половина час, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бланко на социјалните мрежи ја образложи одлуката за поднесувањето оставка.
„Нема оправдување. Вистинската трансформација на Мексико бара целосна усогласеност со вредностите на еднаквост и правда. Никој не смее да биде привилегиран. Интересите на едно лице, дури и ако тие се со цел исполнување на деловните обврски, не смеат да бидат над мирот на мнозинството“, напиша Бланко.
Авионот чекаше повеќе од половина час, што предизвика негодување на другите патници и медиумите.
Хозефа Гонзалес-Бланко е вториот висок функционер кој поднесе оставка во рок од една недела.