Sinan Doğan
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
БОГОТА
Откриени се 44 парчиња од остатоци од коски во ненаселено подрачје во северниот дел на Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на мексиканските медиуми, во рамки на ископувањата реализирани во придружба на полицијата и Обвинителството во местото Квотемок кое се наоѓа во мексиканската сојузна држава Чивава, откриени се бројни остатоци од коски.
Во истражувањата досега се откриени 44 парчиња од остатоци од коски.
Во тек се ископувањата на кои се придружија и невладини организации, како и блиските на лицата кои се водат како исчезнати.
Остатоците од коски се пренесени во Дирекцијата за форензички науки за понатамошни анализи.