Erbil Başay
15 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
ЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел пред состанокот со српскиот премиер Александар Вучиќ во Берлин изјави дека таканаречената балканска рута, преку која мигранти се обидуваат да стигнат во другите европски земји, е еден од примерите дека сè уште постои ризик од нелегалната миграција, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа истакна дека Србија извршила важна задача во врска со бегалците и илегалната миграција, додавајќи дека српските власти прописно ги евидентирале мигрантите кои пристигнале во таа земја, со што дале голем придонес за решавање на мигрантското прашање.
„Ќе разговараме и за тоа како ќе ја поддржиме Србија. Србија нема да ја оставиме сама“, рече Меркел.
Исто така таа изрази надеж дека ќе престанат тензиите во земјите од Западен Балкан.
Вучиќ потсети дека во Србија се наоѓаат речиси 7.500 бегалци.
Тој истакна дека тема на разговор со германската канцеларка се и за прашањата поврзани со регионалната стабилност.
„Тоа не е важно само за Србија, туку и за ЕУ. Во однос на тоа, имаме постигнато многу и потрошивме многу енергија“, рече Вучиќ, додавајќи дека во некои земји од Западен Балкан ситуацијата и понатаму е турбулентна.
Изрази надеж во поддршката на ЕУ и Германија со цел да се зачува мирот и стабилноста во регионот.