Qays Abu Samra,Mahmut Geldi
15 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
ВИТЛЕЕМ (AA) - Најмалку петмина Палестинци се повредени во нападот извршен на бегалски камп на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот во утринските часови го извеле израелски војници. Очевидците наведуваат дека израелските војници влегле во бегалскиот камп „Дехише“ во Витлеем и дека вршеле претрес во куќите.
Во овој настан, војниците причиниле материјална штета и привеле две лица. За време на претресот, избувнале судири меѓу израелските војници и палестинската младина. Израелските војници интервенирале со солзавец и со гумени куршуми, а Палестинците возвратиле со камења.
Службениците на болницата „Бејт Јала“ во Витлеем потврдија дека се повредени петмина Палестинци, од кои еден е во тешка здравствена состојба.
Израелските сили често ги претресуваат куќите на Палестинците на Западниот Брег и во Ерусалим, и приведуваат голем број Палестинци. Според официјалните податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци.