Atila Altuntaş
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди декретот на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД на државјаните од седум мнозински муслимански земји, тврдејќи дека не може на тој начин да се води борба против терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Невозможно е да се бориш против терористите, гледајќи на бојата на кожата, етничката и верската припадност", рече Меркел за време на посетата на Стокхолм.
Таа го спомна и договорот за бегалците меѓу Турција и Европската унија, додавајќи дека е потребно да се постигне сличен договор помеѓу Мароко и Египет.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен, исто така изрази загриженост во врска со одлуката на Трамп за забрана на влез во САД на државјаните од седум муслимански земји.
„Тоа е многу погрешна и крајно вознемирувачка одлука. Таквата одлука ќе влијае негативно на Европејците со двојно државјанство. Потребно е што побрзо да се укине оваа одлука", рече Лофвен.