Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
АФРИН (АА) - ОМЕР КОПАРАН / ЕТХЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Група млади од арапско и курдско потекло кои живеат во областа Африн во северозападна Сирија, ги украсуваат ѕидовите на центарот на градот со графити кои ги симболизираат братството, толеранцијата и мирот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Младите кои живеат во Африн, ослободен од тероризмот со операцијата „Маслинова гранка“, ѕидовите во нивниот град, каде што се постигнати мир и стабилност, ги претвораат во уметнички дела.
Локалниот совет на Африн и некои локални невладини организации исто така ги поддржуваат овие напори на волонтерите кои припаѓаат на арапската и курдската младина, собрани под организацијата „Трагите на мирот“.
Жителите на градот се восхитуваат од графитите нацртани на најфреквентните улици.
Бејазит Бејазит, еден од волонтерите што учествуваа во цртањето графити, за Агенција Анадолија (АА) истакна: „Формиравме тим од Курди и Арапи кои живеат во областа. Со поддршката на Локалниот совет со цртежи ги украсуваме улиците за да го покажеме мирот меѓу граѓаните што живеат овде.“
Наведувајќи дека ѕидовите ги цртаат во согласност со обичаите и традициите на луѓето во Африн, Бејазит рече: „Во нашиот тим има луѓе кои сликаат многу добро. Тие своите вештини ги везат на sидовите.“
- „Исто така се разубавуваат и душите“ -
Сундуз Фулфуле, една од доброволците на „Трагите на мирот“, истакна дека со своите цртежи ги разубавуваат најпрометните улици во Африн.
„Како Арапи и Курди, ние не правиме разлика меѓу нас. Живееме заедно, дејствуваме заедно и организираме програми. Со сликите што ги цртаме, покрај ѕидовите, се разубавуваат и нашите души. Делата создадени со учество на нашите млади девојки предизвикаа големо внимание. Ефектот ќе биде долг.“