Ayşe Doğru
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
ПАТНА/КАТМАНДУ (АА) - Над 100 лица го загубија својот живот во поплавите и свлечиштата предизвикани од монсунските дождови, кои го зафатија јужниот дел на Азија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во поплавите и свлечиштата, што од четвртокот го зафатија Непал, загинаа 67 лица, а 43 лица се повредени.
Во бројни градови во јужниот дел на земјата се случија поплави, а 31 лице се водат како исчезнати.
Четиринаесет автопати се затворени за сообраќај поради лизгање на земјиштето, а настанати се и проблеми во комуникацијата поради рушење на базни станици и комуникациски кули.
- Индија и Бангладеш погодени од поплави -
Од друга страна, во поплавите и свлечиштата предизвикани од дождовите што го зафатија североисточниот дел на Индија, во последните четири дена загинаа 31 лице.
Во сојузната држава Асам и во околните сојузни држави, најмалку 2 милиони лица се погодени од поплавите и свлечиштата, додека во сојузната држава Бихар околу 200.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови поради поплавите. Илјадници лица се сместени во кампови.
Во Бангладеш над 10 лица го загубија својот живот при удар на молња предизвикан од монсунските дождови, а над 40.000 лица се погодени од поплавите низ земјата.