Ekip
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
МОСКВА (AA) – Повеќе од 100 000 приврзаници на рускиот претседател Владимир Путин се собраа на предизборниот собир во голем спортски комплекс во Москва, пренесува Anadolu Agency (AA).
Голем број приврзаници дојдоа на митиног за поддршка на Путин, две седмици пред одржување на претседателските избори во Русија. Го исполнија до последното место стадионот Лужники, чиј капацитет е 81.000 места. Полицијата проценува дека на митингот во спорскиот комплекс, кој има и други спортски објекти освен стадионот, присуствувале 130 000 луѓе.
„Сакаме да направиме нашата земја да биде прекрасна, да гледаме напред кон иднината, бидејќи нашите предци живееле тука, ние живееме тука, нашите деца живеат тука и нашите внуци ќе живеат тука", рече Путин.
Путин сака на претседателските избори на 18 март да го освои четвртиот мандат, а според проценките никој од противкандидатите не би требал да претставува сериозна закана.