Şerife Çetin
15 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
БРИСЕЛ (AA) - На меѓународната конференција за Сирија, одржана во Брисел, ветена е помош од околу седум милијарди долари за оваа со војна погодена земја, јавува Anadolu Agency (AA).
По конференцијата, одржана под називот „Поддршка за иднината на Сирија и регионот", на новинарите им се обратија комесаро на ЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи Кристос Стилианидес и заменик генералниот секретар на Обединетите нации задолжен за хуманитарни работи Марк Ловкок.
Стилианидес истакна дека меѓународната конференција за Сирија јасно покажала дека луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош не се заборавени.
„Со гордост можам да кажам дека функционерите на овој состанок ветиле речиси седум милијарди долари помош", рече Стилианидес.
Додаде и дека од конференцијата испратиле важна порака на сирискиот народ.
„Можна е Сирија како стабилна, демократска и просперитетна земја со мирно политичко решение", рече Силианидес.
Ловкок во обраќањето истакна дека е многу задоволен со ветената помош, додавајќи дека сигурно ќе биде од огромна корист за милиони луѓе.
Нагласи дека конференцијата исто така покажала дека меѓународната заедница и понатаму пружа силна поддршка за Сирија, напоменувајќи дека кризата во таа земја може да се заврши само со политичко решение.
На конференцијата под називот „Поддршка за иднината на Сирија и регионот", одржана под покровителство на ОН и ЕУ, присуствуваа околу 80 претставници од преку 50 држави.