Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, соопшти дека на средбата помеѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, ќе се разговара за конкретните чекори во процесот на денуклеаризација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пенс во интервју за „Fox News Sunday“ („Фокс њус сандеј“) говореше за вториот самит меѓу Трамп и Ким на кој, како што рече, ќе се разговара за конкретните чекори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Тој нагласи дека американскиот претседател е оптимист во врска со средбата.
„Претседателот верува дека ќе успееме да постигнеме вистински напредок и дека ќе продолжиме со вложувањето напори“, рече Пенс.
Северна Кореја ја интензивираше дипломатската соработка, па се најавени состаноци со јужнокорејски, американски, швајцарски и јапонски официјални претставници.
Самитот на којшто ќе се состанат американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, се планира за крајот на месец февруари. Двајцата лидери првпат се состанаа на 12 јуни 2018 година во Сингапур, кога постигнаа договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.