Ahmed Asmar
31 Декември 2024•Ажурирај: 01 Јануари 2025
РАМАЛА (АА) - Населението на Газа се намали за 6 % како резултат на израелската геноцидна војна, покажаа официјалните бројки денес, јавува Анадолу.
Ола Авад, шеф на палестинското Централно биро за статистика (PCBS), рече дека населението на територијата се намалило на 2,1 милион, што е намалување за 160.000 луѓе од 2023 година.
Авад рече дека речиси 45.500 луѓе се убиени во израелските напади, а 100.000 други ја напуштиле енклавата од 7 октомври 2023 година.
Таа рече дека меѓу жртвите има 17.581 дете и 12.048 жени, додека речиси 107.000 се повредени, а околу 11.000 други се водат како исчезнати.
Централното биро за статистика го процени палестинското население на околу 15 милиони, од кои 5,5 живеат во Газа и на Западниот Брег, 1,8 милиони во Израел и останатите во дијаспората низ целиот свет.
Израелската Армија ја продолжи геноцидната војна врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.
Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна во енклавата.