Ekipa
26 Април 2023•Ажурирај: 27 Април 2023
КУДС (АА) - Населението на Израел достигна 9,7 милиони на крајот на 2022 година, објави Централното биро за статистика на Израел (CBS), пренесува Анадолу.
Во соопштението, Бирото истакна дека еврејското население достигнало 7.145.000, додека арапското население достигнало 2.048.000 милиони, што претставува 21 процент од вкупното население.
Бројките, исто така, покажаа дека минатата година населението на Израел се зголемило за околу 2,3 отсто (221.000 луѓе).
Според Централното биро за статистика, речиси 79.000 еврејски мигранти пристигнале во Израел во 2022 година од различни делови на светот, со што вкупниот број мигранти пристигнати во земјата од создавањето на Израел во 1948 година достигнал 3,3 милиони.
Населението на Израел се предвидува да достигне 11,1 милион до 2030 година и 13,2 милиони до 2040 година.