Dilara Hamit
18 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку 21 лице загинаа, а неколку се повредени во пожар кој избувна синоќа во зграда во бегалскиот камп „Џабалија“, во Појасот Газа, во која имало забава, соопштија здравствените власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Извештаите велат дека меѓу загинатите има жени и деца, чии тела биле откриени во зградата каде што избувна пожарот. Бројот на повредени не е соопштен.
Тимовите за цивилна одбрана се заслужни за локализирање на пожарот и спречување негово ширење на соседните објекти.
Според првичните сознанија, пожарот бил предизвикан од бензин складиран во зградата. Истрагата е во тек.
Палестинското Министерство за здравство објави дека министерот за здравство, Маи ал Каила, наредил повредените да бидат префрлени во болниците на Западниот Брег, доколку е потребно.
Во изјавата на портпаролот на палестинскиот претседател, Набил Абу Рудеинех, се вели дека претседателот Махмуд Абас го прогласил денешниот ден (петок) за ден на национална жалост.
Џабалија е еден од осумте бегалски кампови во областа, која е дом на 2,3 милиони луѓе и е една од најгусто населените области во светот.