Enes Canlı
07 Октомври 2023•Ажурирај: 08 Октомври 2023
КУДС (АА) - Најмалку 40 Израелци загинаа, а над 750 се ранети во нападите што бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, ги започна утринава врз Израел од блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.
Израелската служба за итна помош Црвена Давидова ѕвезда објави дека во ракетните напади од Појасот Газа, бројот на загинати Израелци се зголемил на 40.
Оваа организација ги повика Израелците да даруваат крв.
Во веста што ја објави „Канал 12“ се наведува дека во нападите врз Израел се повредени над 750 лица. Болницата Сорока во градот Бирусеби во близина на Газа информираше дека лекуваат над 60 тешко повредени лица.
Властите соопштија дека утре нема да се одржува наставата во училиштата ширум Израел.
Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, соопштувајќи дека вооружени групи влегле во населбите во регионот.
Израелската војска подоцна објави дека извршила напади на Појасот Газа со десетици борбени авиони.