Mehmet Nuri Uçar
08 Септември 2024•Ажурирај: 09 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година убиени се 40.972 Палестинци, известува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа даде информации за нападите што Израел ги извршува во Појасот Газа веќе 338 дена.
Во соопштението се наведува дека израелската армија во последните 24 часа извршила три масакри во различни делови на Појасот Газа и дека во овие напади биле убиени уште 33 Палестинци, а 145 биле ранети.
Бројката на убиени Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се зголемил на 40.972, а бројот на ранетите на 94.761.
Во соопштението, исто така, се повторува дека сѐ уште има мртви под урнатините и покрај патиштата, но дека медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата поради препреките од страна на израелските сили.