Ekip
22 Јануари 2024•Ажурирај: 23 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку 47 лица се затрупани под урнатини откако утрово настана свлечиште во југозападната кинеска провинција Јунан, пренесува Анадолу.
Свлечиштето, во кое се затрупани 47 лица, настана во селото Жаотонг во 5:51 часот по локално време, објави новинската агенција Синхуа.
Кинескиот претседател Си Џипинг нареди целосна потрага и спасување на луѓето што се во свлечиштето.
Повеќе од 200 спасувачи, со поддршка од противпожарни возила и машини, ги пребаруваат урнатините во потрага по исчезнатите лица.
Видеоснимките на локалните медиуми покажуваат како спасувачите работат меѓу урнатите куќи и згради, а повеќе од 500 луѓе се евакуирани од регионот.
Се очекува утре во градот да има слаб снег со температура до -3 Целзиусови степени.