Safiye Karabacak
01 Ноември 2024•Ажурирај: 01 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади врз централните делови на Појасот Газа убиени се најмалку 47 Палестинци, а десетици се ранети, повеќето деца и жени, известува Анадолу.
Според веста на официјалната палестинска агенција ВАФА, врз основа на здравствени извори, израелската армија извршила напади во различни делови на Деир ал Белах, Нусејрат и Зеваида, бомбардирајќи куќи.
По нападите, телата на 47 Палестинци се донесени во болницата „Загинатите херои на Ал Акса“. Во израелските напади повредени се десетици луѓе, главно деца и жени.
Според локални извори, цел на израелските напади биле голем број куќи во Нусејрат во кои луѓето ги сместиле своите раселени роднини. По бомбардирањето луѓето дошле да помогнат. Тогаш израелските сили вторпат го нападнале овој регион. Се истакнува дека повеќето од убиените се од овој регион.