Halime Afra Aksoy
07 Септември 2025•Ажурирај: 08 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на жртви од израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми за 87 во последните 24 часа, достигнувајќи 64.455, известува Анадолу.
Министерството за здравство на Газа објави писмено соопштение во кое ги дава најновите информации за жртвите и повредите Палестинци во тековните напади на Израел.
Во соопштението се наведува дека 87 убиени и 409 повредени Палестинци се донесени во болниците во Појасот Газа во последните 24 часа.
Најмалку 11.911 Палестинци се убиени, а 50.735 се повредени во нападите што ги започна израелската армија во Газа на 18 март, по прекршувајќи го прекинот на огнот договорен на 19 јануари.
Министерството на палестинската енклава соопшти дека 31 Палестинец е убиен, а 132 се повредени во нападите насочени врз оние што чекале хуманитарна помош во Газа во последните 24 часа.
Бројот на убиени Палестинци во систематските напади од 27 мај досега насочени врз таканаречените точки за дистрибуција на помош раководени од Израел и САД се зголеми на 2.416, додека бројот на повредени изнесува 17.709.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, се искачи на 64.455, а бројот на повредени достигна 162.776.
Од министерството на палестинската енклава информираат дека илјадници мртви остануваат закопани под урнатините во Појасот Газа.
- Уште 5 лица починаа од глад во последното деноноќие
Во соопштението на министерството се наведува дека уште 5 Палестинци, меѓу кои 3 деца, починаа од глад и неисхранетост во последните 24 часа.
Со последните смртни случаи поради изгладнетост бројот на Палестинци кои починале од глад во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 387, од кои 138 се деца.