Ali H. M.Abo Rezeg
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху ја поддржува намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за запирање на финансиската поддршка на агенцијата Агенцијата за помош при ОН за палестинските бегалци на Блискиот Исток, која е задолжена за грижата и помошта на палестинските бегалци, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во потполност се согласувам со критиките на Трамп кон Агенцијата за помош при ОН за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA). Тоа е организација која го одразува проблемот на палестинските бегалци. Таа исто така ја одржува нарацијата на таканареченото право на враќање со цел елиминација на државата Израел. Притоа Агенцијата мора да биде минато“, изјави Нетанјаху за време на денешниот состанок на неговиот кабинет.
Израелските медиуми јавуваат дека Нетанјаху го поддржува постепеното намалување на финансиската поддршка на фондовите на Агенцијата.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, неодамна се закани со укинување на финансиската помош за Палестинците, вклучувајќи ја и организацијата Агенцијата за помош при ОН за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), како одговор на бесот кој го предизвика кај палестинскиот народ поради одлуката да го признае Кудс (Ерусалим) за главен град на Израел.
Според веб-порталот на Агенцијата, САД се најголемиот донатор на агенцијата со ветени уплати од 370 милиони долари годишно.
УНРВА е агенција која ОН ја основаа во 1949 година со мандат да работи на обезбедување на основните потреби на пет милиони палестински бегалци од Блискиот Исток.